Наградени ученици на конкурсот „Ваша визија – наша реалност“

На ден 20.04.2026 година, во рамки на отворениот ден на СГГУ „Здравко Цветковски“, беше организирано свечено доделување на награди по повод конкурсот „Ваша визија – наша реалност“, наменет за ученици од основните училишта.
Со особена гордост известуваме дека ученичката Анета Томевска од IXб одд. од нашето училиште, освои втора (II) награда во категоријата историја, покажувајќи исклучителна креативност, знаење и посветеност во изработката на конкурсната задача.
Конкурсот беше организиран на ниво на основни училишта, со цел поттикнување на истражувачкиот дух, креативното размислување и афирмирање на талентите кај учениците. Ученичката достојно го претстави нашето училиште и постигна значаен успех под менторство на Александра Величковска.
Свеченото доделување на наградите се одржа во пријатна и свечена атмосфера, во присуство на ученици, наставници, родители и претставници на училиштето-домаќин. Овој успех претставува поттик за понатамошна работа, напредок и афирмација на знаењето и трудот.

Translate »