На 1, 2 и 3 април 2026 година беше реализирана тридневна научно – наставна екскурзија со учениците од деветто одделение. Учествуваа вкупно 32 ученика, од кои 14 од IХ а одделение и 18 ученици од IХ б одделение. Одговорни наставници на екскурзијата беа Марија Сотировска, одд. раководител на IХ а одделение и Љупка Богдановска, одделенски раководител на IХ б одделение.Учениците првиот ден ги посетија Могилата на непобедените кај Прилеп, Македониумот и спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево, Музејот на Битола (постојните поставки и Спомен – собата на Кемал Ататурк).Вториот ден по појадокот заминавме на претпладневен излет до манастирот Св.Наум и изворите на реката Црн Дрим, со попатна посета на наколната населба во Заливот на коските кај Градиште. Третиот ден учениците остварија посета на Вевчани и Струга .













