На ден 14.03.2026 година ученици од нашето училиште заедно со своите ментори учествуваа на регионалниот натпревар по математика кој се одржа во Maarif International School во Гази Баба Скопје.Нашите ученици покажаа знаење и љубов кон математиката достојно претставувајќи го нашето училиште.Голема благодарност и до менторите за нивната поддршка, труд и посветена работа со учениците. Со нетрпение ги очекуваме резултатите и се надеваме на одлични успеси.




