Одлична атмосфера, знаење и натпреварувачки дух ја одбележаа денешната елиминациска рунда на „Ученичка квизотека“. Учениците покажаа одлични вештини, брзина и тимска работа, а неизвесноста го држеше вниманието до самиот крај.
Денешните натпреварувачи беа учениците од 👇
ООУ „Блаже Конески“ – Општина Аеродром
ООУ „Гоце Делчев“ – Општина Центар
ООУ „Панајот Гиновски“ – Општина Бутел
ООУ „Наум Охридски“ – Општина Гази Баба
ООУ „Х.Т. Карпош“ – Општина Карпош
Со гордост истакнуваме дека претставници од нашето училиште ООУ „Наум Охридски“ од Булачани и Црешево беа учениците Димитар Атанасовски, Марко Стојковски и Доријан Абдулов, предводени од нивниот ментор м-р Јована Димовска.




