Волкот и седумте јариња – Cybersecurity приказна за најмладите

Денес , 13.2.2026 година , преку познатата бајка „Волкот и седумте јариња“ учиме една многу важна лекција – како да го заштитиме нашиот компјутер од вируси!

Во нашата интерактивна лекција:

🏠 Куќата е нашиот компјутер

🐺 Волкот е вирус

🔒 Пасвордот е заштита

Децата учат дека:

• Не секој што „тропа на вратата“ (порака, линк, игра) е добронамерен

• Мора внимателно да провериме кој ни се обраќа

• Пасвордот мора да биде точен

• Ако згрешиме – вирусот може да влезе во нашиот компјутер

Преку различни сценарија (погрешен пасворд, лажно претставување, преправање со глас и изглед), децата учат дека:

🦠 Хакерите можат да се преправаат

👀 Треба внимателно да проверуваме

🔐 Не го споделуваме пасвордот со никого

✨ Кога ќе го препознаат „вистинскиот пасворд“ – компјутерот останува безбеден, а задачата е успешно завршена!

🧠 Разговараме и за:

• Што е вирус?

• Зошто не смееме да споделуваме лозинки?

• Кога треба да побараме помош од родител?

📢 Силни пасворд правила:

✔ Не го кажувај својот пасворд на никого

✔ Секогаш прашај родител пред да кликнеш

✔ Не секој на интернет е тоа што вели дека е

Преку игра и приказна, децата учат како да бидат безбедни во дигиталниот свет. 🌈💻

#Неделанаинформатиката2026

Активноста ја реализираа учениците од Iб одделение со наставничката Елена Максимовска

Translate »