Проект за унапредување на условите за настава во ООУ „Наум Охридски“ – Булачани и Црешево

✅ Реализиран проект за унапредување на условите за настава во ООУ „Наум Охридски“ – Булачани и Црешево. Инвестиција во нов училишен инвентар!

📅 На првиот ден од второто полугодие нашето училиште го посети градоначалникот на општина Гази Баба г-дин Бобан Стефковски каде што учениците и наставниот кадар започнаа со работа во значително подобрени услови 😊

✅Во текот на зимскиот распуст, училиштето реализираше важен проект за набавка на нов училишен инвентар. Во рамки на оваа инвестиција обезбедени се нови училишни клупи и столчиња за сите училници во матичното училиште во Булачани, како и за подрачното училиште во Црешево.

🙌Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон подобрување на условите за работа и учење на учениците. Новиот инвентар овозможува покомфорна, побезбедна и пофункционална наставна средина, што директно влијае врз концентрацијата, мотивацијата и целокупниот успех на учениците.

💡 Со вакви проекти испраќаме јасна порака дека грижата за најмладите е наш приоритет. Создавањето квалитетна и современа образовна средина е темел за правилен развој и успешна иднина.

📈 Продолжуваме континуирано да инвестираме во образованието, затоа што силно верувам дека токму овие вложувања се вложувања во иднината. Нашите ученици заслужуваат услови што ќе им овозможат да растат, учат и напредуваат во безбедна и мотивирачка средина ❤️

Translate »