Превенција на неприфатливо однесување

Во текот на месец декември, учениците од 6 до 9 одделение учествуваа во работилници во рамки на проектот „Позитивни избори: Превенција на неприфатливо однесување“ организирани од страна на стручната служба.Учениците имаа задача да подготват листа со поими и дефиниции поврзани со различни облици на неприфатливо однесување, како што се:

• насилство,

• вандализам,

• крадење,

• лажење,

• непочитување на правила,

• опасни шеги и предизвици

Преку дискусии, дефинирање поими и кратки сценски прикази, учениците ги истражуваа различните облици на неприфатливо однесување, како и нивните причини и последици. Активностите придонесоа за развивање емпатија, социјални вештини и позитивни стратегии за решавање конфликти, како и за поттикнување на врсничка поддршка и одговорно однесување во училиштето.

Во рамки на проектот „Превенција од злоупотреба на алкохол и цигари“, учениците работеа на активности насочени кон подигнување на свеста за штетните последици од употребата на алкохол и цигари. Преку тимска работа во четири групи, учениците истражуваа факти и здравствени последици, го анализираа влијанието на медиумите и рекламите, креираа креативни превентивни пораки и вежбаа социјални вештини за асертивно одбивање.

Проектот придонесе за развој на одговорно однесување, критичко размислување и донесување здрави избори, како и за зајакнување на врсничката превенција и соработка меѓу учениците. Проектот „Превенција од злоупотреба на алкохол и цигари“ успешно ги постигна поставените цели. Учениците не само што ги истражуваа и разбираа последиците од употребата на алкохол и цигари, туку и активно учествуваа во развојот на едукативни материјали и стратегии за превенција. Преку групни активности, тие ги усовршија своите социјални и презентациски вештини, додека истовремено ги зајакнуваа своите способности за тимска работа.

Проектот го поттикна критичкото размислување и ја зголеми свеста кај младите за значењето на здравите избори, како и за важноста од спречување на злоупотребата на алкохол и цигари.

Translate »