„Кликни паметно – Интернет без опасности“

Одделенски наставник Соња Апостоловска-Трајковска IV одд. ООУ„Наум Охридски“с.Булачани „Кликни паметно – Интернет без опасности“ 10.2.2026год.

„Кликни паметно – Интернет без опасности“

Наставникот ја организира работата со учениците за начинот на изведување на активностите. Активноста започна со преглед на PPT презентација, изработена од наставникот со помош на AI Chalkie, преку која учениците беа информирани што претставува безбеден интернет и зошто е важна дигиталната безбедност.

Учениците беа запознаени со поимот безбеден интернет, како и со:

· можните интернет-опасности

· начините на заштита и безбедно користење на интернетот

· формите на дигитални ризици и предизвици

Следуваше интерактивен дел во кој учениците, преку своите мобилни телефони, поставуваа прашања на ChatGPT, користејќи го четботот како едукативна алатка за добивање дополнителни информации и појаснувања на темата:

· „Како да се заштитиме од интернет опасности?“

· „Кои се најчестите опасности?“

· „Кои се начините за справување и безбедно користење на интернетот?“

По едукативниот дел:

· Учениците активно ја следеа презентацијата.

· Се едуцираа за значењето на безбедниот интернет, интернет-опасностите и мерките за заштита.

· Користеа ChatGPT како дигитална алатка за учење и информирање.

· Учениците од IV одделение изработија наставен лист (НЛ) со тема

„Паметен начин на безбеден интернет“, преку кој практично ги претставија стекнатите знаења и правилата за безбедно однесување на интернет.

#Неделанаинформатиката2026

Translate »