На 20 и 21 јануари 2026 година беше реализирана дводневна едукативна работилница на тема „Самозаштита од снежни намети, лавини и луњи“. Работилницата беше реализирана од предметниот наставник по географија м-р Јована Димовска и истата беше наменета за учениците од VI и VII одделение и имаше за цел унапредување на нивните знаења и вештини за правилно и безбедно однесување при појава на зимски природни непогоди.
Активностите беа реализирани преку интерактивен пристап, со разговор, презентација,видео линкови со примери од реални ситуации, групна работа и дискусија. Учениците активно учествуваа, поставуваа прашања и ги споделуваа своите размислувања и искуства.
Цели на работилницата
– Учениците да се запознаат со поимите снежни намети, лавини и луњи
– Учениците да стекнат знаења за ризиците и опасностите од овие природни појави
– Учениците да развијат вештини за самозаштита и правилно однесување во вакви ситуации
-Поттикнување на свесност за значењето на превенцијата и навремената реакција
Очекувани и постигнати ефекти
По завршување на работилницата, учениците:
– Стекнаа основни знаења за причините и последиците од снежни намети, лавини и луњи
– Развија вештини за самозаштита и безбедно однесување во услови на зимски непогоди
– Покажаа зголемена свесност за личната безбедност и безбедноста на другите
-Ја подобрија својата подготвеност за правилна реакција во итни ситуации
Заклучок
Работилницата беше успешно реализирана и целосно ги исполни поставените цели. Учениците покажаа висок степен на заинтересираност и активност, а стекнатите знаења и вештини ќе придонесат за нивна поголема безбедност и подготвеност во услови на природни непогоди.
Во прилог и фотографии од самата работилница.











