Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја започна кампањата под мотото „СЕКОЈ СЛУШНА ЗА ЕРАЗМУС+ “
🚐✨
Караванот го отпочнавме во ООУ „Григор Прличев“ – Скопје, каде училиштето ООУ „Наум Охридски“ – с. Булачани го претстави својот добитен Еразмус+ проект „Growing up together“, проект посветен на премостување на меѓукултурниот, меѓугенерацискиот и социјалниот јаз, како и на унапредување на педагогијата и дидактиката.
🎓 Наставничките Елена Максимовска и Билјана Белогаска, во придружба со своите ученици, ги споделија реализираните мобилности и богатите искуства стекнати преку посетите на партнерските училишта во Турција и Романија. Нивните активности и заеднички работилници покажаа како Еразмус+ создава простор за нови идеи, соработка и личен развој кај учениците.
🙏 Изразуваме искрена благодарност до домаќинот ООУ „Григор Прличев“ – Скопје и директорката Александра Петковска Анастасов за исклучително топлиот прием, целосната поддршка и желба за соработка.
✨ Веруваме дека денешната обука поттикна свежи идеи и силна мотивација кај присутните да се вклучат и да создаваат уште поуспешни приказни во рамки на европските образовни програми.
📬 Националната агенција, под водство на директорката Ана Михајлов, ги охрабрува сите заинтересирани училишта да нè контактираат и да им се придружат на успешните приказни во семејството на Еразмус+
ErasmusPlus #ErasmusMK #EvropskiProgrami #Obrazovanie #Mobilnost #Ucilista #NA #GrowingUpTogether







