
Со гордост ги одбележавме Европските денови на програмата Erasmus+ преку две креативни и едукативни активности:
„Патуваме низ Европа со Еразмус“ – учениците ја „посетија“ Европа преку игра, запознавајќи ги земјите учеснички во програмата, нивните знамиња, култури и знаменитости. Со насмевки и знамиња во раце, ги споделија пораките за пријателство и соработка меѓу европските народи.
„Моето срце за Европа“ – преку изработка на срца со симболи на Европа, учениците ја изразија својата љубов кон европското семејство и вредностите на заедништво, толеранција и солидарност.
Активностите беа дел од прославата на #ErasmusDays2025, кога илјадници училишта ширум Европа го слават духот на учење, размена и европско граѓанство. #ErasmusPlus#ErasmusDays#EuropeInMyHeart#УчимеСоЕразмус


