Денес, 21.10.2025 година во просториите на Детски културен центар ,,Карпош”-Скопје се одржа вториот натпревар од циклусот Ученичка квизотека 2025/2026 на која се натпреваруваа учениците од основните училишта![]()
1. ООУ „Стив Наумов“ – Општина Гази Баба
2. ООУ „Јан Амос Коменски“ – Општина Карпош
3. ООУ „Дане Крапчев“ – Општина Гази Баба
4. ООУ „Наум Охридски“ – Општина Гази Баба.
Одлични претставници од нашето училиште беа Доријан Абдулов од 9А одд.
Марко Стојковски од 9Б одд.и Димитар Атанасовски од 8Б одд. предводени од нивниот наставник м-р Јована Димовска.
Со одлични резултати продолжуваме во следниот круг на натпревари!




