Оваа недела во нашето училиште ја посветуваме на детето, љубовта, радоста и играта!
Под мотото „Детето денес-иднината утре“, учениците од нашето училиште учествуваат во креативни активности, игри, песни и работилници, со една заедничка порака:
Да ги чуваме детството и детската радост за да имаме здрава и среќна иднина!
Детската недела не потсетува дека секое дете има право да биде среќно, прифатено и сакано.
Да растеме заедно во љубов, разбирање и пријателство!
Среќна Детска недела од учениците и наставниците на ООУ „Наум Охридски“
На одделенскиот час учениците од 6а одделение заедно со одделенскиот раководител Јована Димовска, ги истакнаа одредбите од ,,Конвенцијата за правата на детето,,












