ЗА УЧИЛИШТЕТО

ИНФОРМАЦИЈА ЗА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ

Основното училиште “Наум Охридски”во с. Булачани, Скопје претставува воспитно-образовна институција а воедно и организациона единица на општина Гази Баба. Училиштето е лоцирано на северо – источниот дел од Скопска Црна Гора и спаѓа во редот на училишта кои работат во ридско планински предел.

Основното училиште без подрачните е формирано уште за време на турското владеење во Македонија, а во 1963 година прераснува во осум годишно училиште со опфат на ученици од с. Булачани и с. Раштак. Со доградба на две училнlogo-naum-ohridskiици во ПОУ с. Црешево во 1995 година ова училиште прерасна во основно училиште.Училиштето ги опфаќа училишниците обврзници од с. Црешево, с. Виниче и с. Смиљковци додека пак ПОУ с. Раштак ги опфаќа училишните обврзници од с. Раштак.

Од 1965 година па до денес училиштето функционира како ЦОУ Наум Охридски с. Булачани. Наставно – воспитната работа се изведува во три училишни згради кои се исклучиво наменети за изведување на наставно – образовна работа. Оддалеченоста на училиштето од град Скопје е 16 км.

ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НАСТАВАТА

Во училиштето има вкупно 253 ученици во учебната 2009/2010 година, распоредени во 18 паралелки од прво до осмо одд. Училиштето во с. Булачани брои 118 ученици , во с. Црешево 123 ученици и во с. Раштак 12 ученици. Во ОУ “Наум Охридски” – с. Булачани наставата се изведува во 18 паралелки од прво до осмо одд. на македонски јазик. Во ОУ с. Булачани има вкупно 8 паралелки и наставата се изведува на македондки јазик во 1 (една) смена. Во ПОУ с. Црешево наставата се изведува во 9 паралелки од прво до осмо одд. на македонски јазик и тоа во две смени. За учениците од предметна настава во прва смена додека за учениците од одделенска настава во втора смена. Во ПУ с. Раштак учениците се организирани во една комбинирана паралелка од прво до четврто одделение и се работи во една смена.

Воспитно – образовната работа ја реализираат вкупно: 24 наставника.

Одделенска настава (И – ИВ): 10 наставници.

Предметна настава(В – ВИИИ): 14 наст
авници.

slider-slika-fin