Кодекси за однесување за вработени,ученици и родители

Во насока на обезбедување на квалитетно образование на учениците во безбедна и мотивирачка училишна средина, Училишниот одбор при ООУ „Наум Охридски“ Булачани, на предлог на директорот, ги донесе следниве интерни акти: Кодекс за однесување на учениците во училиштето во услови на Ковид 19, Кодекс за однесување на родителите на учениците и Кодекс за однесување на вработените во училиштето.