4 Јуни- Меѓународен ден на децата жртви на насилство

Овој свет не е розово место, затоа треба да бидеме информирани и за работи кои можеби одбиваме да ги чуеме. Негативните работи не се решаваат со игнорирање,туку со запознавање на проблемот со цел да се изнајде решение. Меѓународниот ден на децата жртви на насилство треба да не сврти кон една вистина пред која не смееме да го тргаме погледот. Во 21 век децата се повеќе од било кога изложени на физичко,но и психичко насилство.

Дел од нашите ученици напишаат состави во чест на овие деца и овој ден, со цел да ја пренесат својата порака.