Натпревар “Млади библиотекари” 2019

Друштвото на библиотекарите на Македонија во имплементирањето на
нови тенденции во дејноста на библиотечните институции, со оглед дека
најмладата популација во најголем дел ги користи нивните услуги, даде
иницијатива за воведување на една т.н. “слободна активност“ на јавните
библиотеки во релацијата со своите корисници. Имено, во почетокот на
дваесетите години се формираат “Секции на млади библиотекари“. Оваа
организирана форма на активности на јавните и на училишните библиотеки им
овозможува на најмладите корисници непосредно да се запознаваат со
организацијата и дејноста на библиотечната институција, создавањето,
обработката, депонирањето и користењето на носителите на информации.
Членовите на овие секции се стекнуваат со теоретски сознанија за
библиотекарството како дејност и наука, а реализираат и поедноставни
практични активности.
Натпреварот “Млади библиотекари” е востановен во 2000 год. како
годишен. Негова цел е да ги промовира читањето и книгата и да влијае на
негувањето навика кај најмладата популација за користење библиотека  но, и
самата библиотека како и професијата библиотекар. Натпреварот се
организира на две нивоа: општинско и републичко (државно). Право на учество
имаат учениците до 14-год. возраст како членови на училишните и јавните
локални библиотеки.

Пријавени ученици од ООУ „Наум Охридски “ Скопје се воедно и членови на
библиотекарската секција : Теодора Неделковска 8 – а , Елена Горгиева 9 – а
и Николина Трајковска 9 – а. Покрај менторор и учениците на натпреварот,
присуствуваше и родителот Весна Трајковска. Благодарници за секој учесник и
ментор по повод учество во натпреварот беа доделеннни по завршувањето на
натпревааарот.

 

viber_image_2019-11-05_23-45-58 viber_image_2019-11-05_23-46-02